ВестиОбразование

Свечено одбележан јубилејот 10 години образование на Македонски јазик во Србија

Во Основното училиште ,,Гоце Делчев” во Јабука Македонскиот национален совет свечено го одбележа јубилејот 10 години од воведувањето на Македонскиот јазик со елементи на националната култура во образовниот систем на Србија. На свеченоста присуствуваа членовите на новиот состав на Националниот совет, претставниците од македонските здруженија во Србија, дел од наставниците кои што ја изведуваат наставата за предметот Македонски јазик со елементи на националната култура, како и гостинките од Скопје Јадранка Клисарова и д-р Блага Панева, авторки на првите планови и програми и учебниците за овој премдет.

Во рамките на програмата претставена е и анализа на постигнатото во изминативе 10 години во оваа област, а најавено е и дека се подготвува нова стратегија во областа на образованието која што треба да се усвои во текот на наредната година.

Анализата ја изработи и претстави Зорица Митровиќ

Доделени се и јубилејни плакети за сите оние кои што учествуваа во овој процес, од неговиот почеток па до сега, меѓу кои се наставниците, авторите на плановите и програмите, а доделени се и две специјални плакети на ученичките Сташа Спасов и Драгана Спасиќ за покажани одлични резултати во наставата во првата декада на образованието на македонски јазик во Србија.

Јадранка Клисарова и Блага Панева
Маре Каранфиловиќ
Охридија Димитровска – наставничка во Вршац
Сања Ристиќ – наставничка од Лесковац
Милица Колоски – наставничка од Јабука
Биљана Ѓуровиќ – директорка на ОУ ,,Гоце Делчев”

Во исто време, во Домот на културата ,,Кочо Рацин” за учениците кои што го изучуваат предметот Македонски јазик со елементи на националната култура во Војводина беше организирана изведба на претставата ,,Убавицата и зверот” на Форум театарот на Форумот на младите Македонци во Србија.

По претставата на сите деца им се поделени новогодишни пакетчиња, обезбедени од страна на Нациоанлниот совет и претпријатието Витаминка од Прилеп.

Програма за децата, кои што го изучуваат Македонскиот јазик во Лесковац и Богојевце ке се одржи наредната сабота во Културниот центар во Лесковац со проекција на современиот македонски филм за деца ,,Стела” и поделба на новогодишни пакетчиња.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button