Конкурси

Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората, за 2022

Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги повикува сите заинтересирани организации, здруженија и поединци, кои потекнуваат од  редовите на дијаспората, да поднесат проектни пријави кои опфаќаат идеи и иницијативи од нивен интерес.

Рокот за аплицирање трае до 15 декември, при што предлог- проектите пристигнати по овој датум нема да се разгледуваат. Проектите во скенирана форма се доставуваат до Министерството за надворешни работи преку електронската пошта на Дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) на Република Македонија во странство и паралелно, на e-mail sunaj.efendiler@mfa.gov.mk. Доколку апликантот нема можност за скенирање на проектот, истиот се доставува  по пошта до надлежното ДКП.

Информираме дека согласно внатрешниот Правилник на Министерството за надворешни работи за утврдување на постапката за доделување на проектни средства, наменети за потребите на дијаспората, од страна на Министерот за надворешни работи ќе биде формирана Комисија за разгледување и евалуација на пристигнатите проекти. Истата ќе изготви решение за распределба на проектните средства.

Апликантите, чии проекти ќе бидат одобрени/неодобрени од Министерството за надворешни работи, за истото ќе бидат информирани преку електронска пошта од страна на Министерството за надворешни работи.

Проектна пријава

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button