ВестиМакедонци во светот
Роберт Кленкоски – Првиот Македонец во Комисијата за Учество и Интеграција во Берлин
Првиот Македонец избран во Комисијата за Учество и Интеграција на Штеглиц-Зелендорф во Берлин (2022-2026). Со изборот на новиот Совет на општината Штеглиц-Зелендорф во Берлин, новоформирана е Комисијата за Учество и Интеграција на Окружното Собрание Штеглиц-Зелендорф.
Покрај окружните пратеници, во комисијата членуваат и шест советници на граѓаните. Тие треба да ја одразуваат различноста на луѓето со миграциско потекло во заедницата. Роберт Кленкоски е првиот Македонец што е избран во Комисијата за Учество и Интеграција на Окружното Собрание Штеглиц-Зелендорф во Берлин.