ВестиДетско катчеМАК Инфо ПродукцијаНајавиОбразованиеРадио емисии

Стартува  детското македонско катче на Мак-инфо

Порталот и радио станицата Мак-инфо мислат и на своите најмлади читатели и слушатели. По повод Меѓународниот ден на детето (20 ноември), почнува со работа новата рубрика на порталот како и радио програма за деца – ДЕТСКО КАТЧЕ. Катчето е направено со цел да се создаде место каде децата ќе учат преку игра, современи забавни електронски материјали и литература. Наменето е пред се за децата кои што го изучуваат изборниот предмет Македонски јазик со елементи на националната култура во основните училишта, но и за сите други деца кои имаат желба да научат нешто повеќе за македонскиот јазик, културата, историјата, традицијата и другите обележја на македонскиот народ.

Порталот содржи неколку тематски целини, како што е Едукативна игра за учење на македонски јазик, екранизирана Бушава азбука, видео серијалот во кој што се запознаваме со различните делови на Македонија Чудесна земја Македонија како и разна друга забавна и едукативна литература. Во подготовка се и квизови за познавањето на македонскиот јазик и историјата.

Во рамките на радио програмата секоја сабота и недела од 10 до 14 часот,  ќе можат да се следат забавни и едукативни емисии, како што се приказни од целиот свет на македонски јазик, радио драми и песни.

Уредник на редакцијата на детското катче е Александра Милошевска, а во креирањето на програмата ќе учествуваат и наставниците кои што ја изведуваат наставата за предметот Македонски јазик со елементи на националната култура и други креативни соработници од Македонија.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button