Детско катче

Едукативна игра за учење на македонски јазик

Добро познат факт е тоа дека учењето низ забава е еден од најефективните начини на едукација кај децата, бидејќи сè што буди поголем интерес кај децата останува трајно и во нивната меморија. А како најдобро можат да се поттикнат и заинтересираат децата ако не преку игра?

За таа цел, со поддршка на Агенцијата за иселеништво од Македонија, изработена е едукативната игра Ристина и Шарко наменета да го поттикне учењето и усовршувањето на македонскиот јазик кај децата во државата како и оние од дијаспората.

Важно е да се напомене дека ова е прв проект од ваков тип на територијата на Македонија. Главната цел на оваа едукативна игра е да го промовира и олеснува учењето и зачувувањето на македонскиот јазик кај младата популација преку сет на едукативни игри со различни нивоа на тежина. Преку играта, децата ги учат буквите и некои од основните поими и зборови од македонскиот јазик.

Играта е целосно изработена на македонски јазик и е прилагодена за деца почнувајќи од предучилишна возраст. Дополнително, буквите и поимите кои се споменуваат во игрите се исто така поддржани со аудио материјал, на пример ако детето избере одредена буква или слика ќе чуе како се изговара буквата или поимот на сликата. Ова значително придонесува за вежбање на изговорот на букви и зборови од македонскиот јазик.

Исто така, самите главни ликови Ристина (рис) и Шарко (куче-шарпланинец) како симболи на нашата држава, македонскиот јазик и култура дополнително влијаат врз поттикнување на љубопитноста и желбата за осознавање кај децата.

  1. Ристина и Шарко се состои од 5 типа на игри кои ќе го поттикнат когнитивниот и моторен развој на децата преку учење или усовршување на македонскиот јазик низ забава;
  2. Овие типови на игри се поделени во 4 категории, секоја со повисоко ниво на тежина во поимите и буквите од претходната. Во секоја од нив поимите кои се спомнуваат се секојдневни и едноставни за полесно совладување на јазикот од страна на децата.

Ристина и Шарко моментално е достапна на сите Андроид смартфони и таблети со симнување од следниот линк:

https://apps.apple.com/mk/app/ristina-sharkos-adventures/id1514571501

Adventures of Ristina and Sharko – Apps on Google Play

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button