БлогВестиМакедонијаОбразование

Македонската држава го одбележува денот на македонскиот јазик

На денешен ден 1945 година Народната влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо. Македонскиот јазик денес е втемелен во европското законодавство. Македонскиот јазик е равноправен со сите други европски и светски јазици. Македонскиот народ е впишан во големото семејство на народите на Обединетите нации.Македонскиот јазик е всушност еден од атрубитите на македонската држава и македонскиот јазик. Посебноста на македонскиот јазик ја докажува посебноста на македонскиот народ и на македонската држава. Историската нит на македонскиот јазик ја докажува историската нит на македонскиот народ и неговата борба за самостојна и независна држава.Баш затоа е толку важен денешниот датум. Не да би покажувале на другите дека и македонскиот народ има свој јазик, туку да покажеме дека македонскиот јазик постоел со векови наназад, заедно со својот македонскиот народ и баш македонскиот народ бил еден од темелите на македонската државност.

Многумина го оспоруваат, негираат,го нарекуваат дијалект, ама сите тие добро ја знаат посебноста, автентичноста, историјата и вредноста на македонскиот јазик. Свесни дека тој постоел. Свесни дека тој постои. Свесни дека ќе постои и во иднината.И македонскиот народ не треба да се плаши за своето постоење се додека го има македонскиот јазик. И македонскиот народ не треба да се плаши од било какви провокации се додека зборува и пишува на својот македонски јазик.

Затоа што е тоа нешто што никој не може да ви го одземе. Можат да ве нарекуваат како сакаат, можат да го нарекуваат македонскиот јазик како сакаат, но неговото постоење, заедно со постоењето на македонскиот народ и држава се факт во современата историја и како таков факт ќе опстанат.Битно е само да се негува. Битно е само да се чува. Битно е само да се води сметка дека и нашите нови генерации треба да го зборуваат. Тоа не треба да значи одбивање да се учат светските јазици, ама секогаш добро да се знае кој ти е мајчиниот јазик, кој ти е македонскиот јазик.

Ако нашите претходни генерации, немајќи држава, немајќи право на самоопределување и институционално политичко делување успеале да го сочуваат јазикот, културата и традицијата на македонскиот јазик, бескомпромисно борејќи се за самостојна и независна македонска држава – тогаш ние, актуелните и идни генерации немаме право, ниту оправдување тоа што го стекнале нашите историски јунаци да го сочуваме. Затоа што некои се избориле да бидеме она што сме, на нас е сега и во иднината сето тоа да го зачуваме.

Ако не сме кадри да го зачуваме македонскиот јазик, ако не сме кадри да ја сочуваме македонската посебност, историја, традиција, македонскиот народ и државност, тогаш немаме право ниту да постоиме.

И тоа е бескомпромисна битка. Во која точно треба да се знае на кој што му припаѓа. Како што на македонскиот народ низ историјата му припаѓа македонскиот јазик, култура, историја, традиција, државност и посебност!

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button