МАК Инфо ПродукцијаШах-инфо

ДОМИНАЦИЈА НА КИНЕЗИТЕ

Во денешниот текст детално ќе се осврнеме на  новиот светски шампион во класичен шах Динг Лирен. Како шо веке кажавме Динг е Kинески шаховски велемајстор и актуелен светски шампион во класичниот шах. Тој е најпочитуваниот кинески шахист во историјата и исто така трикратен кинески шампион во шах.

Динг Лирен

Динг е роден во Венџоу, Кина, а почнал да учи да игра шах кога имал четири години. Го посетувал основното училиште Венжу Жуиуан и дипломирал на гимназијата Жеџијанг Венжу, а правниот факултет на Универзитетот во Пекинг.

Динг е трикратен Кинески шампион во шах (2009, 2011, 2012 година) и ја претставуваше Кина на сите четири шаховски олимпијади од 2012 до 2018 година, освојувајќи златни екипни медали во 2014 и 2018 година и индивидуални бронзени и златни медали во 2014 и 2018 година. Тој исто така го има освоено златото во екипната конкуренција и среброто во индивидуална конкуренција на Светското екипно првенство во 2015 година.

Во август 2015 година, тој стана втор Кинески шахист кој се проби во првите 10 на светската ранг-листа на ФИДЕ.

Во септември 2017 година, тој стана првиот кинески играч кој се квалификуваше за турнирот на кандидати, претпоследната фаза на Светското првенство, во септември 2018 година, Динг стана првиот Кинез кој ја надмина „лествицата„  2800 поени  на Светското рангирање ФИДЕ, а во ноември стигна рејтинг од 2816 поени, што е десетти највисок рејтинг во историјата.

Во август 2019 година, тој го освои Купот Синкфилд, со 2 победи и 9 нерешени, победувајќи го актуелниот светски шампион Магнус Карлсен во плеј-офот.

По неговиот успех во категоријата на кандидати, Динг стана светски шампион во шах во 2023 година, првиот кинески играч кој некогаш ја освоил титулата. Тој во тај-брејк го совлада Непомњахчи.

Инаку да нагласиме дека во женска конкуренција актуелна шаховска шампиона во класичниот шах е Ju Wenjun од НР Кина, а предизвикувач е сонародничката Tan Zhongyi. Јасно е дека Кинезите се денес доминантни во индивидуална конкуренција во класичниот шах. Шаховскиот светски шампионат за жени е закажан за период од 05.07.2023. до 25.07.2023. година, а домаќин ке биде очекувано НР Кина.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button