ИнформирањеРадио емисии

Македониум 15.06.2022.

Во најновата радио емисија Македониум имате прилика да слушнете за следните теми:

1. Во рамките на прославата на Денот на општината, а на покана на претседателот на општина Алексинац  делегација од училиштето „Свети Климент Охридски“ од Македонски Брод  оствари повеќедневна посета на оваа српска опшина

2. Македонија е седма на листата на топ 10 најпланински земји во светот според сајтот  World Population Review

3. Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за Политико рече дека не очекува самитот на ЕУ следната недела да го отвори патот за неговата земја да ги започне преговорите за членство и ја префрли вината на Бугарија

4. Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во рамки на официјалната посета на Брисел, оствари средба со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на која било разговарано за дијалогот помеѓу Скопје и Софија

5. Платформата Млади европски амбасадори (YEA) е креативна мрежа на млади активисти од целиот Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија)

Емисијата се емитува премиерно секоја среда со почеток во 14:30 часот на Третата програма на Радио Нови Сад (РТВ Војводина). Автор и водител е Јулијана Милутиновиќ.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button