Комитет за човекови права на ОН: Бугарија го прекршила правото на слобода на здружување на етнички Македонци

Прекршување на повелбата за здружување на Македонците во Бугарија изрече Комитетот за човекови права на ООН со што во наредните 6 месеци ќе бара одифицјална Софија да превземе мерки за исправка на состојбата откако бугарските судови не дале конкретна образложение зошто одбивале регистрација на здруженија за човекови права со што било повредено тоа право.
Во дописот на комитетот за човекови права при ООН исто така и се наведува дека судските одлуки биле оценети како недоволно образложени и претерано формалистички, без да се земат предвид дополнителните аргументи и докази доставени од подносителот на жалбата.
Случајот се однесува на одбивањето за регистрација на невладина организација за заштита на човековите права, по што жалителот се обратил до Комитетот, тврдејќи дека со години постои пракса на одбивање на регистрации на организации поврзани со македонскиот етнички идентитет во Бугарија.
Адвокатот Тони Менкиноски кој ги застапува правата на Македонците во Бугарија, вели дека ова за Македонија претставува значајна дипломатска можност.
– Овој институционален механизам овозможува дополнителен легитимитет на позициите на Македонија, бидејќи се повикува на наоди и процедури на Организацијата на Обединетите Нации, а не само на политички ставови. Во таа насока, државата може поактивно да ги користи механизмите како Универзалниот периодичен преглед (UPR), преку кој се оценува состојбата со човековите права во сите земји, специјалните процедури (специјални известувачи и независни експерти), како и договорните тела на ОН кои го следат спроведувањето на меѓународните конвенции, – вели Тони Менкиноски, адвокат.
Според него, темата може да се отвори и на други важни нивоа во ООН, што дополнително ќе го зголеми притисокот, а со тоа прашањето ќе мора да се реши. Сепак, тој предупредува дека овој процес треба да се води внимателно со дипломатски пристап, почитување на меѓународното право и со фокус на дијалог. Вели дека целта на македонската власт треба да биде насочена кон постигнување на долгорочно решение, а не да има само краткорочен политички ефект.

Станува збор за “Правозаштитен комитет Толерантност“, формиран од Стојко Стојков, со цел заштита на правата на Македонците во Бугарија. ООН бара од Софија да ги преиспита одлуките и во рок од 180 дена да достави извештај.
Ова не е прв ваков случај. Европскиот суд за човекови права во Стразбур досега донел 16 пресуди во корист на македонските здруженија во Бугарија, но Софија не спровела ниту една. Дел од нив се стари и по речиси две децении.
И покрај реакциите од Европа и сега од ООН, односот на бугарските власти кон Македонците не се менува. Напротив, официјална Софија и натаму тврди дека прашањето се политизира, за Софија Македонците не постојат!



