Вести

Злато за „Вардар Ниш” – вкусот на традицијата победи

Тимот на Здружението на Македонци Вардар Ниш постигна значаен успех на гастрономскиот настан ,,Залогај југа” кој се одржа во Видриште.

Настанот, организиран од Здружение на вработени во угостителството и туризмот Ниш, собра бројни учесници и љубители на традиционалната кујна. Во силна конкуренција, тимот на „Вардар“ го освои првото место и златниот медал во подготовка на јадења во котел на отворен оган, со традиционален грав подготвен по домашен рецепт – вкус кој потсетува на детството, дружењето и старите добри обичаи.

Овој успех не е само резултат на кулинарска вештина, туку и доказ за силата на заедништвото, посветеноста и љубовта кон традицијата. Како што истакнуваат од здружението, освоениот медал е заеднички успех – за секој член, секоја поддршка и секој што верувал во тимот.

„Вардар“ Ниш уште еднаш покажа дека не е само здружение, туку вистинско семејство кое го чува и пренесува духот на македонската традиција, градејќи пријателства и заедништво каде и да настапи.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button