Запиши се, гласај, одлучувај

Националниот совет на македонското национално малцинство ги повикува сите припадници на македонската заедница во Србија да се запишат во Посебниот избирачки список и да го остварат своето право на глас на претстојните непосредни избори за членови на Националниот совет.
За првпат, членовите на Македонскиот национален совет ќе се избираат на непосредни избори, што претставува значаен чекор кон поголемо учество на македонската заедница во донесувањето одлуки од нејзин интерес.
Националниот совет одлучува за прашања од особено значење во областите на образованието, културата, информирањето, како и службената употреба на македонскиот јазик и писмо.
Кој има право на глас?
Право на глас има секој што:
- има најмалку 18 години,
- е државјанин на Република Србија,
- е запишан во Посебниот избирачки список на македонското национално малцинство.
Како да се запишете?
Постапката е едноставна и трае само неколку минути:
- Посетете ја општинската или градската управа според местото на живеење.
- Поднесете барање за запишување во Посебниот избирачки список.
- Понесете важечка лична карта.
Својот статус можете да го проверите и електронски преку порталот: https://upit.posebanbirackispisak.gov.rs/
Твојот глас прави разлика! Не дозволувај другите да одлучуваат наместо тебе. Запиши се, гласај и учествувај во креирањето на иднината на македонската заедница во Србија.



