ИнформирањеТВ емисии

Година на предизвици за сите национални совети!

Во емисијата „Македонско сонце„ која беше премиерно емитувана на 06.02 пред се се отвори темата за соработката што ја имаат националните заедници со министерствата и владата на Република Србија.

Дека токму таа соработка е на високо ниво истакна Борче Величковски, претседателот на македонскиото национален совет и претседавач на кординацијата на националните совети во Р. Србија.

  • Можам да кажам дека со Република Србија остваруваме добри и квалитетни нивоа на соработка. Со сите оние фактори кои се битни за остварување на правата на националните малцинствао односот е одличен, добар и квалитетен. Имаме една традиционална соработка која во секој случај како резултат има остварување на правата на малцинствата во Република Србија – истакна Величковски.

Оваа година ке биде предизвик за кординацијата, се очекува да се одржат избори за членовите на националните совети на националните малцинства, како и попис оцени Величковски.

  • Во рамките на кординацијата ние имаме две зацртани цели, едната цел е што поквалитетно спроведување на пописот во 2022. година и секако предизвикот ке ни бидат и избори за новите членови на националниот совет. Во рамките на македонскиот национален совет главниот акцент ќе ни биде на образованието и секако пописот како една битна ставка – заклучи Борче Величковски.

Ви продолжението на емисијата можете да го проследите и прилогот посветен на здружението „Вардар„ од Вршац и интервјуто со Весна Мицевска Антал, претседателката на ова активно традиционално здружение које организира и гостување на двојазичната претставата „Ветер во тапетите„ на 03. фебруари.

Во дел од емисијата наречен „Приказни од животот„ можете да ја проследите животната приказна на Димче Камчевски од Прилеп, кој цел свој работен век го поминал во Радио Нови сад.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button