ТУРНИРОТ ДОБИ НОВ ШАМПИОН

Денешниот текст го започнуваме со една убава вест, младиот шахист Јован Вукашиновиќ од Струмица, ученик во шесто одделение во ООУ „Видое Подгорец“, постигна голем меѓународен успех, освојувајќи го првото место во својата категорија на престижниот шаховски турнир „Трофеј на Врњачка Бања 2026“, одржан на 8 ноември во Србија.
Јован триумфираше во категоријата шахисти со рејтинг до 1850 поени, во силна меѓународна конкуренција на турнир на кој учествуваа вкупно 293 шахисти од 40 држави.
За квалитетот на турнирот говори и фактот дека меѓу учесниците имало 19 велемајстори, 29 интермајстори и повеќе од 50 фидемајстори.
Особено впечатлив е успехот на младиот струмичанец, кој во текот на турнирот успеал да победи двајца интермајстори и двајца фидемајстори.
Со освоеното прво место и победите над титулирани шахисти, Јован Вукашиновиќ уште еднаш го потврди својот талент и потенцијал за нови успеси на меѓународната шаховска сцена. На Јован од името на редакцијата на Мак инфо му посакуваме се најубаво во шаховската каријера.
И за крај ви оставивме една интересна шаховска позиција.

Белиот беше на потег.



