Знаменити Македонци во СрбијаМАК Инфо ПродукцијаМакедонски ликовни уметници во Белград

Стојан Пачов

сликар (Струмица, 1934 – Белград, 2015)

Стојан Пачов, познат сликар, живееше и работеше во Белград.

Неговите слики и дела се наоѓаат во бројни галерии, претпретијатија и колекции, како во Србија и Македонија, така и во странство.

Во знак на благодарност за неговиот труд и придонес, една белградска улица во Земун ја носи неговото име.

Роден е во 1934 година во Струмица. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности, отсек сликарство во 1958 година во Белград. Постдипломските студии ги завршува 1960 година. Тој беше член на УЛУС од 1960 година, како и на Друштвото на ликовни уметници Македонци во Србија (ДЛУМС) со кое што оствари неколку заеднички изложби.

Покрај сликарството, се занимавал и со педагошка работа, бил професор по ликовно образование во Земун. Своите талентирани ученици ги учел да сликаат, а кај оние кои биле помалку талентирани, развил љубов кон ликовната уметност.

Учествувал на над сто и педесет заеднички изложби и неколку пати на изложби од хуманитарен карактер.

Добитник е на многубројни награди, како што се: Награда за сликарство на младинска изложба, 1960 година во Белград, УЛУС откупна награда во 1975 година и Пролетна награда за сликарство на ликовни и применети уметници од Земун во 1985 година.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button