ВестиКултура

„Средба на гајдаџии“ на 24 септември во Качарево

Традиционалната манифестација „Средба на гајдаџии“, 16-та по ред , ќе биде одржана  во сабота на 24 септември од 18 часот во Свечаната сала на МЗ Качарево.

Овој настан, кој од година во година привлекува се поголемо внимание кај посетителите, има за цел да ја зачува традицијата што ја донеле Македонците со себе и да ја афирмира гајдата како традиционален македонски инструмент. И оваа година пред публиката ќе се претстават учесници од Србија, Македонија и Бугарија.

Организатори на настанот се Здружението на Македонците „Вардар“ од Качарево, со помош на Центарот за заштита на традициите и посебност „Тоше Проески“, а под покровителство на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија, Министерството за култура и информирање на Република Србија и Покраинскиот секретаријат за образование, регулативи, администрација и национални малцинства.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button