Македонско Сонце- 09 08 2026

Во најновата емисија ,,Македонско сонце” имате прилика да ги проследите следните теми:
-На први август, во просториите на Кц ,,Вук Караџиќ“ во Пландиште, членовите на Здруженијето ,,Македонски Бисери“ со пригодна програма го одбележаа празникот Илинден
-Оваа година, по прв пат е организирана прославата на најголемиот македонски празник Илинден, и во Нови Сад. На Новосадската плажа Штранд настапи пејачката група при АКУД ,,Соња Маринковиќ“ со богат репертоар на македонски песни
-Во Качарево одбележувањето почна со македонски ора и песни, во изведба на ,,Балкан бенд“ од Прилеп
–централната прослава на Илинден во Јабука започна со литургија во храмот на св.Илија во Јабука, а продолжи си бројни со бројни настани посветени на традицијата, културата и историјата на македонската заедницата во Србија
-По повод 80год од доселувањето на Македонците во Војводина, беше отворена и изложбата во Народниот музеј во Панчево ,,Трагите на преселбата“
-Н истиот ден, Илинден, во Јабука беше и традиционално полагање на венците пред бистата на Гоце Делчев, се отвори и Фестивалот ,,Гравче Тавче“ и свечено беше откриен муралот на претходниот председател на НС, Борче Величковски
-Празничната атмосвера во Јабука ја збогати и вториот ,, Поетски Маратон“
Eмисијата се емитува премиерно секоја недела со почеток во 18:00 часот на Втората програма на РТВ Војводина. Уредник на емисијата е Златко Јанкуловски.