Збирката ,,СРМА за Ацо Шопов“ на здружението Македониум промовирана и во Скопје
![](https://makinfo.rs/wp-content/uploads/2024/01/Промоција-на-Срма-во-Скопје-1-780x470.jpg)
Двојазичната збирка на поезија и есеи посветени на Ацо Шопов, по повод одбележувањето на 100 годишнината од неговото раѓање, во издание на здружението ,,Македониум” од Белград, промовирана е и во Скопје, во Домот за култура ,,Кочо Рацин” со помош и поддршка на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија.
![](https://makinfo.rs/wp-content/uploads/2024/01/407273311_363309739588553_8412126851043631076_n-682x1024.jpg)
![](https://makinfo.rs/wp-content/uploads/2024/01/Промоција-на-Срма-во-Скопје-2-682x1024.jpg)
Програмата ја отворија Зорица Митровиќ, претседателката на здружението Македониум и Билјана Костова од Агенцијата за иселеништво.
Христо Петрески, еден од рецензентите на збирката и актуелен претседател на Друштвото на писателите на Македонија истакна дека преку песните и есеите на големиот број автори, читателите, односно консументите на овој значаен проект уште еднаш се среќаваат со творештвото на Шопов и се уверуваат во неговата безвременост и големина.
- Во оваа книга љубовта нема мерка, таа е немерена и безмерна, но и безвремена. Па, посакувам почесто да има вакви и слични специфични, сеопфатни и трајни проекти, кои се показ и доказ на заедништвото, на вештачките и речиси непостоечки граници, препреки и бариери. Уметноста, творештвото и духот не можат, не треба и не смеат да се сепарираат. Тие се како птици кои слободно надлетуваат и преминуваат секаде каде што ќе посакаат. Во таа безграничност, слободен простор и внатрешна и надворешна ослободеност, творечка енергија, креација и креативност, ги пронаоѓаме и согледуваме и сите најголеми доблести и неменливи и неминливи атрибути содржани во оваа книга – истакна Петрески.
Тој посочи и дека оваа збирка е и единствена книга за Шопов издадена надвор од Македонија, и изрази честитки за иницијативата и реализацијата на оранизаторите на овој проект.
![](https://makinfo.rs/wp-content/uploads/2024/01/Промоција-на-Срма-во-Скопје-8-682x1024.jpg)
![](https://makinfo.rs/wp-content/uploads/2024/01/Промоција-на-Срма-во-Скопје-10-682x1024.jpg)
![](https://makinfo.rs/wp-content/uploads/2024/01/Промоција-на-Срма-во-Скопје-9-682x1024.jpg)
Авторите кои беа застапени во книгата ја збогатија програмата со читање на пишаните творби, а секој од нив доби и благодарница за учество во проектот. Меѓу нив се Маја Трајковиќ, Маја Мојсова, Марина Икономова Шокева, Вера Андон, Зинка Трендовска, Кристина Лазоска, Весна Тодоровска. На поетесата Елизабета Дончевска Лушин врачен и е оргинал цртежот на сликарката Елизабета Јорданоски ,,Небиднина” кој што се наоѓа на кориците на книгата.
![](https://makinfo.rs/wp-content/uploads/2024/01/Промоција-на-Срма-во-Скопје-4-1024x682.jpg)
![](https://makinfo.rs/wp-content/uploads/2024/01/Промоција-на-Срма-во-Скопје-5-1024x682.jpg)
Бидејќи проектот е реализиран и по повод 15 години на здружението Македониум, претседателката им се заблагодари на сите што присуствуваа на промоцијата, а на соработниците и пријателите на здружението им врачи по една книга. Меѓу нив беа и проф. Виолета Ачковска, проф. Катерина Тодоровска, Јадранка Клисарова, Тодор Петров, Елена Пренџова, како и доскорашниот член на Управниот одбор на здружението, кој што се пресели да живее во Скопје Синиша Новески.
![](https://makinfo.rs/wp-content/uploads/2024/01/Промоција-на-Срма-во-Скопје-11-736x1024.jpg)
![](https://makinfo.rs/wp-content/uploads/2024/01/Промоција-на-Срма-во-Скопје-12-682x1024.jpg)
![](https://makinfo.rs/wp-content/uploads/2024/01/407277155_363300602922800_2219538794954605519_n-735x1024.jpg)
Настанот го збогати и актерката Наде Дојковска, која што на почетокот и на крајот ги рецитираше стиховите од Шопов.
![](https://makinfo.rs/wp-content/uploads/2024/01/407270910_363309906255203_6094147632725715638_n-682x1024.jpg)
![](https://makinfo.rs/wp-content/uploads/2024/01/Промоција-на-Срма-во-Скопје-7-1024x682.jpg)
![](https://makinfo.rs/wp-content/uploads/2024/01/Промоција-на-Срма-во-Скопје-6-1024x682.jpg)