Селимова – Желчески – амбасадори на македонската песна
Селимова – Желчески најпопуларниот македонски дует на сите времиња, амбасадори на македонската песна кои беа совршено синхронизирани, кои пееа и кога молчат, кои комуницираат и кога не зборуваат. Поради стилот на пеење и македонскиот народен мелос што го негуваа, Кевсер Селимова и Ѓорѓи Желчески уште од почетокот на кариерата го добија епитетот „легендите од Македонија“. Двајцата поголемиот дел од животот го поминаа во Белград, но сепак важеа за амбасадори на македонската култура во светот.
Желчески и Селимова се запознале на еден концерт во Титово Ужице, во 1959 година, каде Селимова настапила со “КУД Орце Николов”, а програмата ја најавувал Желчески. Во тоа време, Желчески настапувал заедно со Никола Бадев, Анка Гиева и Верица Исјановска. За време на една голема турнеја, Исјановска се вљубила и решила да остане во Шабац, така што Желчески морал да бара друга партнерка за пеење во дует. Разговарајќи со својот менаџер, тој се сетил на средбата со Селимова, која во 1961 година му се придружила, пеејќи во дует со него. Со текот на времето, нивната популарност растела, но Македонија станала претесна за нивните амбиции. По една голема турнеја на Желчески низ Македонија, која вклучувала настапи во Ресен, Титов Велес, Штип, Струмица, Охрид, Кичево, Струга итн., „РТВ Белград“ побарала пејач од Македонија и Желчески заминал во Белград. Таму, тој одржал концерт во Домот на синдикатот и постигнал голем успех, така што започнале да пристигнуваат други понуди и тој решил да остане во Белград.
Со својата музика, Селимова-Желчеси го обиколија цел свет. Во Америка биле 14 пати на турнеја, а настапувале речиси во сите држави во Европа. Пееја само македонски песни, независно дали се работи за авторска или за народна музика. На 15 ноември 2013 година одржаа концерт во Домот на АРМ во Скопје, со кој го одбележаа јубилејот – пет децении творештво.
Како дел од македонската заедница во Србија настапуваа на централните манифестации по повод одбележувањето на најголемиот македонски празник Илинден во Јабука и Качарево.
Ѓорѓи Желчевски почина бо Белград, во февруари 2020 година.
Селимова, со ќерката Ана и внукот Ерол, живее во Белград.
Дискографија:
1964:
1966:
1967:
1968:
1970:
1971:
1973:
1974:
1976:
1978:
1980:
1981:
1982:
1985:
1986:
1988:
1994:
1996:
1998:
2003:
2007: