Оживувањето на Јана
Не отстапувајќи од презентацијата врз музички спотови, макар што во актуелните услови на новата нормалност готово и да не е можно во живо да се комуницира со публиката, Велион останува доследен и во идејата на прожимањето на словенската митологија во обработките на македонските традиционални народни песни. И овој пат во продукција и под покровителство на здружението МАК-ИНФО.
Вокалот Горан Милошев истакнува дека во центарот на случувањата повторно се наоѓа односот на човекот и натприродното. Спотот почнува така што човекот во природата ја наоѓа водената вила – Русалка во безживотна состојба и целта му е да ја врати во нејзиното природно опкружување – водата, за да повторно оживее.
- Иако сите кадрови ги снимавме во септември минатата година, беше мошне голем предизвик да се влезе во ладна вода. После неколку минути почнаа устите да ни се тресат од ладното, но среќа тоа во спотот не се гледа – со насмевка раскажува Горан Милошев.
Спотот е сниман на две локации, во шума и во вода, а костимот за водената вила го креираше Агнеш Мелеги (Ágnes Meleghy).
Песната ,,Јано мори” остава силен впечаток на звучниот приказ на ширината на просторот и времето. Основниот музички мотив на кој што се базира оваа изведба е пулсацијата на чукањето на срцето, кое што од крајот на првата строфа се слуша во тек на целата песна, посебно во моментот кога во спотот Русалката полека почнува да се враќа во живот.
Она што исто така се издвојува во аранжманот се наизменично преплетување на волакот и гитарата, со хармонско мелодиски тепиј на гудачите и тамбурите.
Уживајте!