МАК Инфо ПродукцијаШах-инфо

MAT – СКОКАЧ – ЛОВЕЦ

Во денешниот текст ке се осврнеме подетално на шах мат позиции создадени во кординација на ловецот и скокачот, како поединечно така и во комбинација.

1.”Two Knights Mate

Шах мат позиција која не е многу застапена во шаховската литература. Како што името сугерира, се работи за матирање со два скокачи, од страна на некои шахисти се нарекува „ремек дело“ и не е честа појава во пракса. Самостално скокачите не можат да матираат доколку кралот не е блокиран од некоја друга фигура.

2. “Suffocation Mate

Оваа шах мат позиција се карактеризира во координација помеѓу ловецот и коњот. Исто како и претходниот, овој шах мат ретко се гледа во пракса. Услов за овој мат е да кралот биде блокиран од страна на сопствената фигура, конкретно пионот.

3. “Collaboration мате”

Слично како во претходниот мат, се карактеризира во координација помеѓу ловецот и коњот, само што во овој случај матирањето го реализира коњот, а ловецот ги блокира слободните полиња за движење на кралот. Услов за овој мат е да кралот биде блокиран од страна на сопствените фигури, во конкретниот случај пионите.

4. “Smothered мate

Овој шах мат е возможен само ако непријателскиот крал е целосно опкружен од страна на неговите фигури. Овој модел исто така ја карактеризира уникатната способност  на коњот.

5. “Diagonal Corridor мate

Некогаш само левецот е доволен за матирање. Пример за таков мат е таканаречениот дијагонален мат. Овој шах мат е возможен само ако непријателскиот крал е делумно окружен од страна на неговите фигури. За да нема забуна ниту една шаховска фигура самостално не може да матира, освне доколку е кралот во специфична позиција, целосно или делумно блокиран од страна на другите фигури.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button