ИнформирањеТВ емисии

Нови, креативни, современи и проекти за најмладите!

Во најновата емисија „Македонско сонце” која што се емитува на Радио телевизија Војводина 2, можевте да проследите интересни настани и нови креативни проекти во македонската заедница во Србија.

На 1.12.2021 година со работа почна македонскиот портал Макинфо, информативен сајт на македонската заедница во Србија, кој ќе ги опфати сите видови на информирање на македоскиот јазик.

  • Таа идеа постои веќе некое време кај нас што се бавиме со новинарство и во рамките на македонската заедница и како наши лични професии. Бидејќи ние веќе сега имаме неколку емисии на македонски јазик, имаме списанија на македонски јазик и неколку радио емисии кои што се емитуваат, но сите тие се на различни места и некој кога ќе сака да се информира за македонската заедница треба да посети неколку различни сајтови за да добие една или две информации. Така да ние решивме сите тие информации да ги сублимираме на еден едиинствен сајт – истакна Зорица Митровиќ еден од иницијаторите на формирањето на порталот Макинфо.

Г-ѓица Митровиќ потоа додаде и дека плановите на Макинфо се да основа и своја сопствена продукција и дека е на добар пат и тоа да го оствари.

  • Ние ќе се обидеме да направиме и своја продукција. Тоа веќе го направивме со музичкото дуо „Велион” од Нови сад. Како здружение аплициравме на конкурси овде во Србија и добивме средства за да продуцираме видео спотови. Исто така, како новинари ќе се обидеме да направиме и еден архив на македонските активности во Србија.

Во продолжението на емисјата имавме прилика да го проследиме и прилогот за изработката на првата бојанка која е наменета на најмладите припадници на мекедонската национална заедница во Србија.

Проектот кој е инициран од Здружението на Македонци во Белград – Македониум успешно ги помина конкурсите на буџетскиот фонд на Република Србија.

  • Размислувавме како можеме да допринесеме во тој образовен процес на македонската заедница во Србија. Во нашиот проект учествуваат ликовните уметници Синиша Новески и Ирена Ѓукиќ, кои покрај тоа што се ликовни уметници работаат и како педагози. Тие изнесоа една идеа за боенка која би содржала мотиви од македонската традиција и која би ја користиле децата од предучилишна возраст, односно децата во првото и второто одделение на основно училиште. Почнавме со реализацијата на проектот и се надеваме дека до почетокот на второто полугодие ќе биде готов проектот, односно дека боенките ќе можеме да ги доставиме до оние деца кои го учат македонскиот јазик – изјави Зорица Митровиќ, претседателката на здружението Македониум, од Белград.

Ирена Ѓукиќ истакна дека работата на овој проект беше мошне креативна и инспиративна.

Целата емисија „Македонско сонце” можете да је проследите во продолжението на текстот.

Извор
Радио телевизија Војводине

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button