ВестиКултураМакедонија
Утврден предлог законот за основање културно-информативни центри во Белград и Скопје
На седницата на македонската влада разгледан е и утврден Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу македонската и српската влада за основање културно-информативни центри во Белград и во Скопје.
Со документот се модулира правната рамка со која се уредуваат правата и обврските на двете држави во однос на работа на културните центри.
Културните центри, согласно политиката на добрососедство придонесува за популаризација и презентирање на традицијата, културата и уметноста на Република Македонија.
Ваквите центри овозможуваат навремено и изворно информирање на граѓаните за актуелните културни текови во двете држави односно претставува мост за зближување и заемно запознавање, се наведува во владиното соопштение.