МАК Инфо ПродукцијаШах-инфо

„FISCHER RANDOM CHESS“

Како шо веќе спомнавме постојат многу шаховски варијации, но една привлекува посебно внимание и станува се попопуларна.

Во денешниот текст ке се осврнеме на најпознатата и се позастапената шаховска варијација „FISCHER RANDOM CHESS“ во слободен превод „Случајниот шах на Фишер“, познат и како „Chess 960“. Тоа е варијација на шах, измислена од поранешниот светски шампион во шах Боби Фишер, според мене најдобриот шахист на сите времиња.

Варијантата имаше многу различни имиња. Првично беше позната како „Fischerandom“ или „Fischerandom шах“, името дадено од Фишер. „Фишер случаен шах“ е официјалниот термин што го користи ФИДЕ – Светската шаховска федерација.

Модификацијата на Фишер „наметнува одредени ограничувања, целосно рандомизираната во која играч речиси сигурно дека ќе ја започне партијата со иницијална предност“.

Правилата на „случаен шах на Фишер“ беа за прв пат претсавени во септември 1993 година, а официјалното претставени на јавноста на 19 јуни 1996 година, во Буенос Аирес, Аргентина.

Целта на Фишер беше да ја елиминира шаблонската игра и да се намали шанса за ремизирање. Според Фишер доколку се партијата играше помегу два шаховски велемајстори, речеси сигурно се очекува реми. Предноста на оваа шаховска варијација е што движењето на фигурите остана исто, но распоредот е сменет.

Некои од можните опции за иницијланото поставување на фигурите.

Постојат 4 × 4 × 6 × 10 × 1 = 4 × 4 × 15 × 4 × 1 = 960  почетни позиции.

И покрај тоа што фихурите на таблата се иницијално поставуваат по случаен систем, сепак постојат одредени правила.

Taка на пример ловците мора да бидат распоредени на различни полиња, не можат да постојат два „исти“ ловци.

Кралот мора да би позициониран помегу двата топа.

Белите фигури се постаувуваат по „случаен систем“, а црните мораат да бидат поставени идентично.

Инаку во Кањижа се одржа првиот меѓународен турнир „Fischer Random“, турнирот кој беше освоен од страна на 17-годишниот Петер Леко, еден од двајцата велемајстори учесници на настанот.

Првиот незваничен шампионат во „случајниот шах“ беше организиран во 2018. година, а првиот званичен светски шампионат беше организиран во 2019. година, а шампион стана Wesley So, по победата против Магнус Карлсен од 13.5 -2.5.

Светски шампион во 2022. година стана Хикару Накамура.

Интересен податок е дека вкупниот награден фонд беше 400.000,00 долари.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button