„FIANCHETTO“
И во денешниот текст ќе имаме мал осврт на уште една шаховска фраза. Во шахот, „фијанчето„ е вид на шаховско отворење во кое ловецот или ловците се ставаат во прв план со мрдување за едно или две полиња напред.
Оваа шема на шаховско отворање е присутна во многу хипермодерни шаховски отворања како што се „Индијската одбрана“, „Сицилијанската одбрана“ и „Отворањето на Ларсен“. Целта на овие шаховски отворања е пред се да се одложи директното превземање на центарот со план за поткопување и уништување на превземениот центар од страна на противникот.
Една од главните придобивки на фијанчетото е тоа што често му дозволува на ловецот да стане поактивен и да го загрози противничкиот топ. Во прилог е четвороструки Фианчето – партија од 1925. година.
Предности на „Fianchetto“
1. Системот е лесен за памтење
2. Може да се користи против речеси секоја позиција на противникот
3. Системот за двојно фијанчето помага во вашето севкупно подобрување
4. Солидно отворање
5. Систем за двојно фијанчето создава низ на опции за понатамошно отворање
6. Флексибилност
7. Систем за двојно фијанчето е во честа примена од страна на велемајсторите (Магнус Карлсен)
8. Добри шанси за победа
Во прилот е линкот на партијата од светскиот шампионат од 1987. година изигран помеѓу Гари Каспаров и Анатолиј Карпов (Дупли Фианчето).
https://www.chessgames.com/perl/chessgame?gid=1067242.
Во наредниот текст ќе имаме осврт на 45. шаховска олимпијада која се одржува во Будимпешта.
И за крај еден потег на денот.