Култура

Денови на македонската култура во Вршац

Македонско - српско пријателство со музика и слики во Домот на војската во Вршац

Во организација на македонското здружение ,,Вардар” и Културниот центар во Вршац, во галеријата на Домот на војската, свечено е отворена изложбата на слики на ликовната уметница Елизабета Георгиева Јордановски, која што живее и работи во Белград. Таа е наивен сликар кој работи традиционални мотиви, инспирирана од македонскиот фолклор во кој доминира фигуративното сликарство збогатено со декоративност и орнаментика.

  • Исполнети со носталгичност и мотиви од македонската традиција сликите оставаат впечаток на модерни ликовни решенија поради наивниот и свеж сликарски наратив со експресионистички потези. На тој начин сликата се анимира со стилизирани елегантни и лирични фигури збогатени со орнаменти и живи бои. Сликите се исполнети со слобода, радост, мистичност и љубов и ги повикуваме сите љубители на уметноста да ја видат и почуствуваат оваа изложба во наредните неколку дена – истакнаа организаторите.

Изложбата ја отвори директорот на Културниот центар на Вршац Давор Стојковиќ, како и членовите на здружението ,,Вардар” од Вршац Ленка Стојановиќ и Дарко Ристески.

Во уметничка програма се претстави пејачката група Исток 10, во помал состав, со македонски песни и членови на здружението со поезија на македонски автори.

Изложба ке биде отворена во текот на јули месец како дел на манифестацијаta “Вршачко културно лето”

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button