ВестиКултура

Успешно заврши првиот дел од манифестацијата Денови на македонската култура во Нови Сад

Со настапот на пејачките групи „Исток 10“ од Вршац, ,,Стара Пазова“ од истото место, „Ми-Ла на штикли“ од Нови Сад и Женската пејачка група при АКУД ,,Соња Маринковиќ“ од Нови Сад, синоќа во прекрасниот амбиент во Културната станица „Еѓшег“, распеано и во духот на македонскиот мелос пред многубројна публика заврши првиот дел од 16-та Манифестација „ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА ВО НОВИ САД“.

Вториот дел од Манифестација ќе се одржи во септември, по повод на одбележувањето на 8-ми Септември-Ден на државноста на Македонија.

Организаторите, здружението ,,Кирил и Методиј” од Нови Сад, кое ја реализира оваа традиционална манифестација, под покровителство на Македонскиот национален совет, ПОкраинскиот секретаријат за култура и Градот Нови Сад, изразија голема благодарност до сите учесници кои со својата културно-уметничка програма придонесоа богато и разновидно да се презентира нашата убава татковина!

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button