„Deep Blue“ vs Garry Kasparov
Со оглед на актуелноста на темата на вештачката интелигенција во денешниот текст ќе се осврнеме на дуелот помеѓу „Deep Blue“ и Garry Kasparov. Првиот дуел се играше во шест партии помеѓу тогашниот светски шампион во шах Гари Каспаров и суперкомпјутерот на IBM наречен Deep Blue. Каспаров го доби првиот дуел, одржан во Филаделфија во 1996 година, со резултат 4–2.
„Deep Blue„ победи на реваншот во 1997 година одржан во Њујорк Сити со вкупен резултат 3½–2½. Вториот меч беше првиот пораз на актуелниот светски шампион во шах од компјутер под услови на шахоцки турнир, а случката беше тема и на документарниот филм „Игра на: Каспаров и машината“.
Инаку, „Deep Blue” беше експертски систем за играње шах, управуван на уникатен наменски изграден суперкомпјутер на IBM. Тоа беше првиот компјутер што победи во игра и првиот што победи на натпревар, против актуелниот светски шампион.
Победата на Deep Blue се сметаше за симболично значајна, знак дека вештачката интелигенција ја достигнува човечката. Во денешните услови тешко дека некој врвните шаховски велемајстори би можел да им парира на најновите суперкомпјутери, но сепак би бил интересен настан.
“Deep Blue“
Финалнaта позиција на партијата бр. 1
Финалнaта позиција на партијата бр. 6
Инаку светски шаховски копјутерски шампионат е настан кој се одржува од 1974. година, но за тоа во некој од наредните текстови.