Отворен Балкан
Отворен Балкан е регионална иницијатива создадена од Србија, Македонија и Албанија која е посветена на обезбедување услови за практикување на четирите европски слободи за што е можно повеќе граѓани и компании на Балканот. Отворен Балкан е засилувач на регионалната соработка и поврзаност кога станува збор за слободното движење на луѓе, капитал, стоки и услуги.
Во моментов трите држави ја водат и развиваат иницијативата која има политика на отворени врати, особено за другите земји од Западен Балкан како Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, но и за другите земји од регионот – членки на ЕУ.
Се поврзуваме за развој на нашите економии, за заеднички регионален и единствен пазар без ограничувања, без бариери, без граници и за негов долгорочен развој кој ќе донесе подобар живот за сите граѓани.
Се работи за интеграција, наместо дезинтеграција, се работи за отворени наместо затворени граници, се работи за слобода наместо за ограничено движење, се работи за олеснување, наместо усложнување на процедурите, се работи за соработка наместо за непријателство, за напредок, наместо уназадување.
Се поврзуваме со јасна, отворена и јавна намера за нашите луѓе веднаш да ја почувствуваат користа од она што го нудиме. Очекуваме таа полезност да биде почувствувана наскоро во домашниот буџет на милиони семејства, во квалитетот на живот на милиони граѓани.
Од политички аспект, Отворен Балкан е насочен кон забрзување на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и кон придонесување за секоја од земјите што поскоро да стане членка на Европската Унија.
-
Топол пречек на „Госпоѓиците од Авињон” на МОБ во Народното позориште во Белград
Со извици – браво, публиката во Народно позориште во Белград го награди настапот на македонскиот национален балет, кој ја изведе…
Прочитај повеќе -
Од летово граѓаните на Србија, Македонија и Албанија ќе можат да работат во која било од трите држави без работни дозволи
Од летово граѓаните на Македонија, Албанија и Србија ќе можат да работат во која било од трите држави без да…
Прочитај повеќе -
Ковачевски, Вучиќ и Рама пречекани од Тајани и Заја, земјите од Отворен Балкан заеднички настапија на меѓународниот Саем на вино во Верона
Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со…
Прочитај повеќе -
Бектеши и Ѓедовиќ потпишаа Меморандум за соработка во рударството и енергетсиката помеѓу Македонија и Србија
Министерот за економија Крешник Бектеши и министерската за рударство и енергетика на Србија Дубравка Ѓедовиќ, во рамките на посетете на…
Прочитај повеќе -
Потпишан Меморандумот за заедничка електронска наплата на патарина во Република Македонија и Република Србија
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, престојува во официјална посета на Република Србија, како дел од делегацијата на Владата…
Прочитај повеќе -
Спасовски и Гашиќ во Белград потпишаа Меморандум помеѓу Владите на Република Северна Македонија и Република Србија , кој ќе го олесни движењето на лица и стоки преку државната граница
Во рамките на официјалната посета на Република Србија, како дел од владината делегација, заедно со својот хомолог, министрите за внатрешни…
Прочитај повеќе -
Односите меѓу Србија и Македонија се на највисоко ниво до сега
Српскиот претседател Александар Вучиќ заедно со српската премиерка Ана Брнабиќ го дочекаа македонскиот премиер Димитар Ковачевски во срдечна атмосфера и…
Прочитај повеќе