Македонско Сонце- 27 04 2025

Во најновата емисија ,,Македонско сонце” имате прилика да ги проследите следните теми:
-Во Белград, во улица Македонска бр.30, започна со работа Македонскиот Културно-Информативен центар. Првата програмска активност пред бројната београдската публика ја поздравија и настанот заедно го отворија директорот на центарот Васко Шутаров,и македонскиот амбасадор во Србија Никола Тупанчевски.
-Со подсредтво на Македонскиот Национален Совет во Србија, на 17.04. односно на Велики Четврток, беа организирани Велигденски креативни работилници, во Јабука, Лесковац и Качарево
-Традиционално, како и секоја година членовите на Здруженијето ,,Вардар“ од Качарево го одбележаа најголемиот христијански празник Велигден со разни креативни техники на вапцање на јајцата, и други натпревари.
-Во Белград, Македонскиот Национален Совет во соработка со Културно Информативен Центар на Македонија организираше Велигденска работилница, на која децата изработуваа честитки и украсуваа Велигденски јајца, који после беа врачени на повредените од Кочани,који се лекуваа во болниците во Белград
-На 12.03. во Земунска Галерија ,,Нар“ беше отворена прва самостојна изложба на уметничката Ана Илијоска-Богиќ
Eмисијата се емитува премиерно секоја недела со почеток во 18:00 часот на Втората програма на РТВ Војводина. Уредник на емисијата е Златко Јанкуловски.