Велигденски креативни работилници за деца во Белград, Јабука, Лесковац и Качарево

Со посредство на Македонскиот национален совет во Србија на 17 април односно на Велики Четврток беа организирани велигденски креативни работилници во Јабука, Лесковац и Качарево во просториите на македонските здруженија Илинден – Јабука, Илинден – Лесковац и Вардар – Качарево, каде што децата што го изучуваат Македонскиот јазик со елементи на националната култура и децата од предучилишна возраст, изработуваа велигденски честитки и украсуваа велигденски јајца, но играа и разни игри карактеристични за Велигден.






Истовремено пак во Белград, Македонскиот национален совет во соработка со Културно-информативниот центар на Македонија (КИЦ), организираше велигденска креативна работилница во просториите на КИЦ-от, во која десетина деца од предучилишна и училишна возраст од македонско потекло под менторство на м-р Ирена Ѓукиќ учествуваа во креативната работилница. Децата, на свој искрен, детски начин, изработуваа велигденски честитки и украсуваа велигденски јајца што ќе им се дадат на повредените во пожарот во Кочани, кои се лекуваат во болниците во Белград.

















