ВестиОбразование

Велигденски пакетчиња за децата во предучилишна возраст

Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија, по повод големиот христијански празник Велигден, на 14-ти и 15-ти април организираше акција за доделување на велигденски пакетчиња за децата во предучилишна возраст од градинките односно забавиштата во Јабука, Качарево, Глогоњ, Пландиште и Гудурица.

Велигденските пакетчиња, надополнети со боенка на македонски јазик и илустрации со македонски мотиви, како и со флаер со кој се промовира македонскиот јазик со елементи на национална култура како изборен предмет, кој што децата од месец септември ќе имаат можност, со одобрување на нивните родители, да го изберат да го изучуваат во основните училишта во кои ќе бидат првачиња.

Претседателката на Македонскиот национален совет Зорица Митровиќ која лично учествуваше во акцијата заедно со секретарот на Советот Марјан Јованоски и директорот на Македонскиот информативен и издавачки центар Озрен Симјановски, истакна дека оваа активност, покрај празничниот дух е реализирана и во насока да се промовира изучувањето на македонскиот јазик со елементи на национална култура во Србија меѓу децата кои од месец септември ќе бидат првачиња во овие места во Јужно-банатскиот округ.

Истовремено најави дека во првата половина на месец јуни ќе бидат реализирани ликовни работилници во соработка со овие предшколски установи, што ќе претставува уште една можност за промоција на изборниот предмет Македонски јазик со елементи на национална култура меѓу идните првачиња и нивните родители.

Акцијата наиде на огромно воодушевување меѓу дечињата во забавиштата во Јабука, Качарево, Глогоњ, Пландиште и Гудурица и беше примена со детска радост и насмевки, но и големо задоволство во колективот на предучилишните установи.

Од друга страна претставниците на Македонскиот национален совет беа дочекани во одлична атмосфера, македонски дух и македонски песни и рецитации.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button