Координација на националните совети – Нов акционен план за делување кон институциите во Србија
Хрватскиот национален совет недамна го презеде претседателството со Координацијата на советите на националните малцинства, а првата седница се одржа во седиштето на советот и Хрватскиот дом во Суботица.
Со цел посериозно да се зафати со темите, како оние кои се заеднички за сите национални малцинства во Србија, така и оние кои се специфични за секој национален совет на национално малцинство, Координативната седница на Советот траеше два дена. Од вкупно 23 совети на националните малцинства, на седницата присуствуваа 19, меѓу кои и претседателката на Македонскиот национален совет Зорица Митровиќ.
„Потребите не можат да се класифицираат под заеднички именител, бидејќи некои совети се помали, некои се поголеми, некои се нови, некои се стари национални малцинства, но важно е претседавачот да ги претставува сите национални малцинства, затоа прво ја анализираме ситуацијата а потоа да изработиме некаков акционен план, да видиме како ќе пристапиме кон институциите на Србија, затоа што секако за да ни помогнат институциите мора да знаеме што сакаме и мора јасно да ги артикулираме нашите потреби“ – изјави Јасна Војниќ, претседател на Хрватскиот национален совет.
Она што е заеднички проблем за сите национални совети е тоа што имаше потешкотии со печатењето на учебниците на почетокот на оваа учебна година – изјави претседателот на Унгарскиот национален совет, Арпад Фремонд.
На сите ни е позначајно кога имаме заеднички став и институциите не сфаќаат посериозно кога сме обединети во нашите барања“, рече Фримонд.
На седницата присуствуваше и претставникот на Министерството за човекови и малцински права и социјален дијалог, Љиљана Бекчиќ, која ја истакна важноста на координацијата, бидејќи токму тука националните совети имаат можност да ги кажат своите ставови и заеднички да поднесат барања до надлежните државни органи.
„Нашето министерство дава целосна поддршка на Координацијата во нејзините активности и ние сме тука да помогнеме да се идентификуваат сите проблеми со кои се соочуваат советите и да работиме заедно со другите претставници на властите“ – рече Бекчиќ.
Претседателката на македонскиот национален совет Зорица Митровиќ го истакна значењето на Координацијата како значаен форум каде што можат заеднички да се адресираат проблемите со кои се соочуваат Нациоанлните совети и со заеднички настап да се решаваат во соработка со надлежните институции. Нагласи дека македонскиот Национален совет покрај поединечниот пристап и изнесување на своите предизвици пред надлежните државни органи, редовно ја известува и Координацијата преку чие што влијание очекува соодветна реакција во решавањето на проблемите.