ВестиОбразование

Сценско патување низ Македонија за учениците што го учат македонскиот јазик во Војводина

За учениците кои што го изучуваат изборниот предмет ,,Македонскиот јазик со елементи на националната култура“ во основните училишта во Војводина прикажана е претставата ,,Со кајче низ Македонија“ продуцирана од страна на македонското здружение ,,Вардар“ од Вршац.

Настанот го организираше Македонскиот национален совет, кој воочи на велигденските празници на присутните деца им подари и пригодни пакетчиња. Во Домот на културата ,,Кочо Рацин“ во Јабука, присуствуваше и македонскиот амбасадор во Србија, неговата екселенција, проф. Д-р Никола Тупанчевски.

Детската двојазична претстава, на српски и македонски јазик, подготвена од страна на Дарко Ристески и Анѓелија Стојановиќ од Вршац е хумористична, но пред се едукативна. Во претставата учествуваат и неколку ученици, кои што го учат македонскиот јазик во Вршац. Замислена е како сценски патопис со поезија и музика низ различни краишта на Македонија.

  • Кајчето денес тргнува од Јабука за Македонија. Ќе ги запознаеме присутните со македонските градови преку песни и интересни приказни и анегдоти. Некои од приказните се вистински, а некои ние самите ги измисливме, за претставата да биде што поинтересна за сите – рече Дарко Ристески.

Пред почетокот на претставата на присутните деца од Јабука, Качарево, Вршац и Гудурица им се обрати претседателката на Македонскиот национален совет Советот Зорица Митровиќ, која што им посака добредојде и истакна дека образованието е приоритетна област во функционирањето на Советот, кој ќе настојува почесто да организира вакви настани и дружење на децата кој што го учат македонскиот јазик.  

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button