МАК Инфо ПродукцијаШах-инфо
“ШАХОВСКИ ЗНАМЕНИТОСТИ”
Во денешниот текст ќе имаме мал осврт на некои „шаховски знаменитости„.
- Теоретски најдолгата можна шаховската партија е 5.949 потези.
- Зборот „Шах мат“ во шахот доаѓа од Персиската фраза „Шах – Мат“, што значи „кралот е мртов“.
- Најдолгата официјална шаховска партија траеше 269 потези (И. Николиќ – Арсовиќ, Белград 1989) и заврши нерешено.
- Д-р Емануел Ласкер од Германија ја задржа титулата Светски шампион во шах повеќе време од кој било друг играч досега: 26 години и 337 дена.
- Во 1985 година, советскиот шахист Гари Каспаров стана најмладиот светски шампион во шах со 22 години и 210 дена.
- Првата шаховска табла со црни и бели полиња се појавува во Европа во 1090 година.
- Првиот механички шаховски часовник бил измислен од Томас Вилсон во 1883 година.
- Првично, кралицата можеше да се движи само по едно поле, дијагонално. Подоцна, таа можеше да помести две полиња истовремено, дијагонално, а подоцна кралицата стана најсилнота шахосвка фигура.
- Постојат повеќе од 1.000 различни шаховски отворања, вклучително и варијации во поголеми.
- Рекордот на бројот на иѕиграни потези без зимање на фигура е регистриран на натпреварот помеѓу Тортон и М. Вокер во 1992 година – 100 потези.
Ова се само некои од шаховските знаменитости….