МАК Инфо ПродукцијаМанџа ТВ

Македонска мусака

Мусака. Моето и омиленото јадење во моето семејство,а верувам и уште во многу други семејства. Јадење кое е дел од македонската традиционална кујна.

Една од главните состојки на ова јадење е компирот, кој се сади и одгледува во Македонија во големи количини и исто така може да се користи и за многу други јадења и начини како варен, печен, компир манџа…

Мусаката е јадење кое брзо и лесно се подготвува, а е многу вкусно.

За подготовка на мусака потребни се:

  • компири;
  • мелено месо;
  • кромид;
  • различни зачини и додатоци кои се додаваат по вкус на домаќинката која го подготвува.

Најпрво  компирите се сечкаат на тенки кругови со кои се покрива долниот дел од садот во кој се подготвува јадењето. Месото се запржува со ситно исечкан кромид па се додаваат зачините.

Наредените компири се покриваат со смесата од месо па врз нив се реди уште еден ред компири.

Вака наредените состојки се полеваат со вода и се печат во рерна. Пред крајот, по желба, врз мусаката се ставаат матени јајца со малку благо млеко.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button