ЗВУЦИ НА ТРАДИЦИЈАТА: 17 Собир на гајдаџии во Качарево
Во Качарево по 17-ти пат се одржа традиционалната манифестација „Средба на гајдаџии“ во организација на здружението на Македонците „Вардар“ од Качарево и Центарот за заштита и афирмација на македонските традиции и особености „Тоше Проески“ а под покроителство на Македонскиот национален совет и Министерството за култура на Република Србија.
На отворањето на манифестацијата присутните ги поздравија Михаела Веселинов, вршител на должноста амбасадор на Република Македонија и Борче Величковски, претседател на Националниот совет на Македонската национална заедница во Република Србија.
- Македонското материјално и нематеријално културно наследство ни е оставено од нашите предци и треба да го чуваме, негуваме и да го пренесеме на помладите генерации. Гајдата се издвојува по својата уникатност, дава карактеристичен звук. Македонскиот народ своите чувства ги искажувал со мелодии, песни и песни создадени низ вековите. Гајдата е симбол на нашата традиција и сеќавање на нашите корени, огништа и нашите предци. Богатата македонска култура е прикажана, не само преку традиционалните инструменти, туку и преку фолклорот, богато везените носии, традиционалните колички и песни, кои со својата специфична мелодија претставуваат вистинско богатство достојно за почит. Традиционалните инструменти како тапанот, македонскиот кавал и гајдата придонесуваат ова звучно богатство да биде препознаено низ целиот свет. Музиката е нишката што нè поврзува, не зближува и ни дава сила да се соочиме со сите предизвици. Тоа придонесува за почитување и разбирање на различностите. Тоа е најубавиот мост што ги поврзува нашите две земји Србија и Македонија – истакна амбасадорката на отворањето.
- Горди сме на фактот што успеавме да го одржиме овој фестивал цели 17 години. За жал, нема многу вакви фестивали и некои од традиционалните инструменти се заборавени, но се трудиме гајдата како форма на културно наследство, не само на македонскиот народ, да не биде заборавена. Дојдоа гости од различни краеви на Србија, од Бугарија и од нашата татковина, Македонија. Претходните години имавме можност да ги слушнеме шкотските гајди и се надевам дека традицијата ќе продолжи. Огромна благодарност до организаторите на овој уникатен фестивал, кој ќе порасне следната година, а Националниот совет ќе продолжи да ги поддржува ваквите настани – рече Величковски.
Во рамките на манифестацијата настапија гајдаџиите од Србија, Макеоднија и Бугарија, а за веселата атмосфера се погрижи бендот „Аманет“ од Македонија кој изведе традиционални македонски песни.