Eдна посебна приказна за Охрид и Охридското езеро
Патеписецот и туристички репортер Милош Петровиќ, на својот блог www.putuj.rs објави получасовна репортажа за туристичкиот бисер на Македонија, Охрид. Емотивна и описна приказна која тој ја нарекува „посебна приказна за Охрид и Охридското езеро, приказна со душа“. Петровиќ ги документира приказните за старата чаршија, за манастирот Св. Наум, Заливот на коските, но и убавата храна и најубавите охридски плажи.
„До Охрид стигнав со авион од Белград и останав пет дена во убав апартман. За тоа време го посетив манастирот Св.Наум, изворот на Црн Дрим, како и излет со брод. Дознав кои се најдобри ресторани во Охрид, ги прошетав најубавите плажи и што е најважно, разговарав многиу со мештаните. Ќе ги слушнете приказните на професорот Зоран за старата охридска чаршија, на Елена за Заливот на коските, на чичко Тодор за возењето со кајче. Исто така летав со параглајдер над езерото со инструкторот Кристијан. Мислам дека ваква приказна за Охрид досега не сте ја слушнале. Уживајте!“