Цвета Котеска
Цвета Котевска беше македонски преведувач и антологичар. Родена е во 1923 година во Прилеп. Гимназија завршила во Скопје, а дипломирала на Философскиот факултет во Белград. Од 1949 г. работела како новинар во Радио Скопје, потоа во Радио Белград, во Радио Југославија и, како уредник на културната рубрика на „Југословенски преглед“ во Белград. Во 1959 г. станала уредник, а потоа и главен уредник, на издавачкото претпријатие „Народна книга.’’
Котевска преведувала од француски, македонски и бугарски јазик на српски јазик. Автор е на преводи на неколку десетици македонски писатели на српски јазик (Блаже Конески, Сл. Јаневски, Радован Павловски, Ж. Чинго, В. Малески, М. Фотев, Ј. Котески и др.). Според нејзин превод се играни драми од Ж. Чинго, Г. Стефановски, Ј. Плевнеш и др.
Најголем успех оствари во издавачката куќа „Народна книга“ во која како главен уредник работеше до пензионирањето во 1979 година. Добитник е на бројни награди меѓу кои посебно ѝ беше драга наградата од КПЗ на Србија за романот на Флобер „ Госпоѓа Бовари“, печатена во рекордни 50 илјади примероци и „ Златно перо“ од еснафот на средбите „Кирил Пејчиновић“ во Тетово за најдобар превод од македонски јазик. Голема радост и донесе наградата за „ Животно дело“ (2001) од Здружението на книжевните преведувачи на Србија во која се истакнува нејзиното познавање на мајчиниот јазик за „доближување на пораките од македонскиот иако книжевно млад јазик и слоевито изразени емоции и размислувања на авторите“.
„ Алал да ти е, како успеа, ја прашуваа авторите, а Оскар Давичо истакна дека Цвета Котевска е најдобар преведувач од македонски на српски јазик.
Заедно со Ефтим Клетников, Котевска ја објавила „Антологијата на современата македонска поезија“ (1985). Најпосле, таа превела на српски јазик избори од творештвото на повеќемина македонски писатели, меѓу кои „Избрани дела“ од Блаже Конески во четири тома.
Во послендното интервју, што во септември 2012 година, Котевска и го даде на „Македонска Виделина, прифаќајќи ја културата на новата средина имаше прилика да ја промовира и својата национална култура и книжевноста со преводите на Јаневски, Павловски, Б.Коневски и Ж. Чинго што ја даде надежта дека токму таквите дела, како делата на Цвета Котеска, отвораат пат како „луча“ долго да го осветлува книжевниот простор во регионот.
По смртта на Цвета Котеска во 2013 година, нејзината фамилија на здружението ,,Македониум” од Белград ја подари целата нејзина библиотека.