На традиционалната интернационална онлајн изложба во организација на Музејот на меѓународна уметност во Јужна Кореа, оваа година со две свои слики учествуваше и македонскиот сликар Тодор Јовановски. На изложбата се претставени 40 истакнати уметници од 24 земји во светот.
- За мене е ова големо признание и чест да бидам поканет на една ваква ликовна манифестација од светски ниво и значај. Ова е по втор пат како учествувам на оваа манифестација што е потврда дека сум ги исполнил нивните критерии и очекувања. И ова не е се – истакнува Јовановски. – Моите слики се застапени и во други онлајн галерии и изложби на интерет во светот покрај светските имиња како што е Ван Гог, Моне, Мане, Пикасо, Гоген и многу други. Тоа се возвишени моменти и сништа за секој уметник, па и за мене, да се најде моето дело покрај делата на такви светски големини. Ете тоа се мигови за кои се живее и мечтае, а тоа мене ми се обистинило.
Тодор Јовановски е роден во 1948 година во Јегуновце, кај Тетово. Живее и твори во Белград.