ВестиКултураНајави

Македонска музика, емоции и позитивна енергија – концерт за 15 роденден на пејачката група „Тоше Проески“ во Качарево

По повод одбележувањето на 15 роденден на пејачката група и ансамблот ,,Тоше Проески“ кој што функционира во рамките на истоимениот центар за заштита и афирмација на македонската традиција и посебност, одржан е целовечерен концерт со македонска музика, многу емоции и позитивна енегрија во Домот на младината во Качарево.

smart

15 години Ансамблот Тоше Проески преку изворни, традиционални и малку изведувани македонски песни кои што ги собираат, обработуваат, изведуваат и на тој начин чуваат од заборав ензузијастите од овој ансамбл, докажуваат дека се вистински репрезент и амбасадор на македонската традиционална уметност и културното наследство на овие простори. Покрај музиката, се трудат и да ги афирмираат традиционалните македонски носии, па така изработуваат и своја автентична носија во која што има елементи од носиите од некои делови на Македонија.

Музичкиот настан го употполнија и специјалните гости – петчлената фамилија Митиќ од Омољица, како и балерината Сара Павсловски од Качарево.

Целиот настан можете да го проследите тука:

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button