МАК Инфо ПродукцијаШах-инфо

СЛОВЕНСКА ОДБРАНА

Во денешниот текст ке се осврнеме подетално на “Словенската одбрана”, инаку на едно од најинтересните шаховски отворања. Словенската одбрана е шаховско отворање за црниот како одговор на гамбитот на кралицата (1.d4 d5 2.c4).

Целта на ова отворање  е да се неутрализира предноста на првиот потег на белиот.

Словенеската одбрана е всушност еден од облиците на гамбитот на „одбиената кралица“, бидејќи црниот не го прифаќа понуденoтo жртвувaње на пионот, туку го брани сопствениот пион, за да ја задржи поволната позиција пред отворањето. Ова е исклучително популарно отворање кое беше подржано од многу светски шампиони како што се  Макс Еуве, Михаил Ботвивник, Владимир Крамник, Вишванатан Ананд и Магнус Карлсен.

Словенската одбрана е добар избор за играчи на кое било ниво.

Словенската одбрана беше исцрпно тестирана за време на двата натпревари на Светското првенство помегу Алехин-Еуве во 1935. и 1937. година.

Денес словенската одбрана е обемна и можне развиена. Како и секое друго шаховско отоврање постојат предности и мани.

Предност

  • Слободна дијагонала за движење на ловецот
  • Црниот ја оджува централната позиција на таблата
  • Можност за зимање на пешакот на С4.

Слабост

  • Побавно развивање на играта
  • Ако возвратите со …c5 ќе изгубите потег.
  • Пешакот c6 го блокира природниот развоен квадрат на витезот.

Денес постојат на десетици  варијации на словенската одбрана но ние ке се осврнеме на следните:

1. Чиста Словенска одбрана или често наречена традиционална Словенска одбрана е традиционален и основен пристап кој се карактеризира се следните потези:

1.d4 d5 2.c4 c6

2.”Полусловенска одбрана

И покрај тоа што е варијација на Словенската одбрана, полусловенската одбрана се разликува од стандардната Словенска одбрана и може да се смета за поинаков вид на отворање. Полусловенската одбрана е втората најпопуларна опција за црните и често води до затворени позиции. Се катактеризира со следните потези: d4 d5 2.c4 c6 3. Nf3 Nf6, 4. Nc3 e6

Полусловенската одбрана е солидна варијација за црниот, чиј главен фокус е да се задржи силна позиција на  центар со создавање на „триаголникот“ од пионите на e6, c6 и d5. Често се практикува кога сте во ситуација да играте против подобар шахист.

3. „Chameleon (Chebanenko Slav“)

Варијацијата Камелеон (Чабенко) е вториот најпопуларен избор за црниот и претставува варијација на словенската одбрана. Овој систем е многу флексибилен, бидејќи од оваа варијација може да произлезат повеќе структури на пион. Се карактеризира се следните потези:

1.d4 d5 2. c4 c6 3.Nf3 Nf6 4.Nc3 a6

„Чебанеко варијацијата“ претставува најагресивна варијација за црниот. Идејата е брзо да се пробие страната на крлаицата со потезот b7-b5 што му дава на црниот многу шанси да игра за победа со нарушување на цврстиот центар на белиот.

За Словенската одбрана слободно може да кажеме дека е најефикасен одговор на гамбитот на кралицата.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button