,,Виртуози без граници” е наслов на концертот на кој што во големата сала на белградскиот Коларац на 29 јуни ќе настапат Симон Трпчески и виолинистот Максим Венгеров.
Последниот концерт во Белград, најголемиот македонски виртуоз го имаше во 2018 година во Коларац, во рамките на фестивалот БЕМУС под наслов Makedonissimo! на кој што ги изведе најубавите македонски традиционални мелодии во обработка на Панде Шахов.
Концертот го организира Центарот на белградските фестивали – ЦЕБЕФ, а повеќе за програмата и информации за картите можете да видите ТУКА.
Пијанистот Симон Трпчески ја изгради својата репутација благодарејќи на својот моќен виртуозитет и длабоката експресивност, како и харизматичниот сценски настап. Неговиот пробив на меѓународната сцена се случи пред дваесет години, како дел од програмата на BBC New Generation Artist Генерација уметник). Во досегашната кариера Симон Трпчески соработувал со повеќе од сто оркестри на четири континенти и настапувал во најпрестижните концертни сцени во светот.
Трпчески оствари успешна соработка со издавачките компании како што се EMI Classics, Avie Records, Wigmore Hall Live, Onyx Classics и Linn Records за кои моментално снима, што резултираше со голем број на наградени изданија, со репертоар кој опфаќа комплетни дела на Рахманинов за пијано и оркестар, пијано концертите на Прокофјев, како и остварувања на композиторите како Пуланк, Дебиси, Равел. Новиот албум насловен ,,Variations”/ Варијации објавен е пролетта 2022 година и содржи интерпретации на композициите од Брамс, Бетовен и Моцарт.
Роден во 1979 година, Симон Трпчески дипломирал на Музичката академија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје,во класа на Борис Романов. Посветен на ширењето на македонската култура и уметност, го иницираше проектот MAKEDONISSIMO за да публиката ширум светот се запознае со богатството на македонската народна музика, во комбинација со хармоничен јазик и виртуозноста инспирирана од современата џез музика.
Во 2009 година Симон Трпчески го добива Орденот на Претседател за заслуги на Македонија, а во 2011 година стана првиот досега добитник на титулата „Народен уметник на Македонија“. Беше Уметник на новата генерација на BBC од 2001 до 2003 година и ја доби наградата за најуспешен млад уметник доделена од Кралското филхармонско друштво на Лондон (Велика Британија).
Со нетрпение го очекуваме повторно во Белград!