ИнформирањеРадио емисии

Македониум 18.05.2022.

Во најновата радио емисија Македониум имате прилика да слушнете за следните теми:

  • Здружението на граѓаните од македонското национално малцинство од Нови Сад, Св. Кирил и Методиј, оваа година по 16 пат ќе ги одбележат Деновите на македонската култура во Нови Сад;
  • Традиционалната прослава на Деновите на македонската култура во Белград Допир на Македонија во мај месец ја најави и  Здружението на Македонците од Белград кое  ја објави својата програма;
  • Синодот на Македонската Православна Црква- Охридска Архиепископија утре ќе одржи координативна седница на која се очекува да се разгледа одлуката на Српската православна црква да го обнови канонското единство со македонската црква;
  • Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска престојува во посета на Република Северна Македонија. За време на посетата, Брнабиќ ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, а ќе присуствува и ќе се обрати на самитот што го организира „Македонија 2025″;
  • Невладината „Македонија2025″ денеска и утре во Скопје ќе го одржи 11-тиот Самит на кој ќе се обратат околу 40 говорници меѓу кои и премиерот Димитар Ковачевски и неговата српска колешка Ана Брнабиќ кои ќе учествуваат на панелот „Градење на просперитетна иднина: Улогата на регионалната соработка”;
  • Европскиот парламент  расправа за Извештајот на европратеникот Илхан Ќучук за напредокот на Македонија, во кој ЕУ се повикува да ги процени историски важните безбедносни импликации за стабилноста и единството на европскиот континент и на Западен Балкан.

Емисијата се емитува премиерно секоја среда со почеток во 14:30 часот на Третата програма на Радио Нови Сад (РТВ Војводина). Автор и водител е Јулијана Милутиновиќ.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button