ИнформирањеТВ емисии

Василица и пифтијада во Качарево

Во периодот од Божиќ па до Крстовден се паѓаат така наречени некрстени денови во кои, по православната вероисповест, се опасни денови за човекот бидејќи во тоа време врз земјата се движат нечисти сили. Поради тоа, во македонската традиција до ден денес останата е традиција на празнувањето на празникот Василица.

Василица е традиционален верски празник кој за своја цел има луѓето со оган, кој има симболика на божанскс светлина, облека, игра и песна да ги избркат злите сили за годината да биде среќна и бериќетна.

Во емисијата “Македонско сонце” премиерно емитувана на 30.01 на РТ Војводина 2, пред се можевме да се подсетиме како се, во изминатите години, одбележуваше Василица во здружението “Вардар” од Качарево.

Во Качарево оваа година се одржа и Пифтијада, организирана од страна на здужението „Етно катче„ а за најдобра пача се натпреваруваа дванаесет домаќинки.

  • Минатата година прв пат почнавме не толку официјално, со колеги сакавме да видиме кој подготвува подобра пача бидејќи сите сме гурмани. Така и почнавме. Минатата година имавме девет примероци и видовме дека тоа ги заинтересира медиумите и нашите сограѓани. Оваа година сакавме пак да ги повикаме сите кои сакаат да прават пача и сакаат да се натпреваруваат ама и оние кои не прават а сакаат да јадат, да дојдат и да го пробаат овој специјалитет – изјави Зора Чубриќ, претседателката на Здружението „Етно катче„ од Качарево.

Продолжението на емисијата беше посветено на прославувањето на празникот Водици. Во православието тој празник се одбележува по повод покрстувањето на Исус Христос во реката Јордан од страната на Јован Крстител. Овој празник се смета за почетокот на човечкото живеење во верата.

Имавте прилика и да ја проследите извонредната работа на Татјана Власов, Македонка од Вршац, која рачно изработува украси за коса и ѓердани. Занаетот го наследила од семејството од Македонија а традицијата успешно ја чува и во Србија.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button