ЧОВЕКОТ НАРЕЧЕН РЕМЕК-ДЕЛО: Интервју со Синиша Новески
Во најновото издание на емисијата „Македоснко сонце„ која беше премијерно емитувана во недела (23.01) имавме прилика да уживаме во разговори за уметноста.
Ни се претстави Синиша Новески, скулптор и магистер на ликовната уметност кои живее и твори во Белград а по потекло е од, како и самиот истакнува, срцето на Македонија – Македонски брод.
- Тоа едно толку убаво градче каде што сите сакаат што побрзо да си зимант од градот, а после сите плачат оти им недостига нивното родно место. Носам многу убави спомени од мојот роден крај, каде поминав едно прекрасно детство и многу, многу ми недостига. Македонски брод најмногу влијаеше на мојата инспирација подоцна во моите скулпури – истакна Новески.
Познатиот и признатиот светски и европски скулптор, од чии раце се роди и скулптурата „Мајка Македонија„ во разговорот откри како и зошто за својот престој го одбра Белград.
- Кон Белград ме влечеше љубов кон југословенските филмови. Се во Белград ми делуваше како делови од некаков филм. Ете, сега живеам во Белград и го живеам својот вистински филм. Белград е одличен град за еден уметник, оти уметникот, ако сака, можи многу да научи – преку дружења, атељеа, колеги, изложби, музеи. Задоволство и чест ми е што живеам во Белград и што во него можам да ја презентирам и македонската култура преко моите скулптури – изјави Синиша Новески.
Новески во продолжението ги откри и своите желби и планови за иднината, на кои веќе почна вредно да работи.
- Една од моите желби е да направам една куќа, легат, каде што ќе се наоѓаат сите мои скулптури, што ќе биде и еден вид на културното наследство што ќе го оставам на Мекедонија и Македонски брод. Неколку изложби сакам да направам за македонската дијаспора, во Франција и Америка, анајмногу сакам да направам во Македонија затоа што голем период, можеби дваесет години се немам претставено со моја самостојна изложба во Скопје – заклучи Новески.
Интервјуто го водеше Александра Милошевска Масл, новата членка на редакцијата, а во проделжението на емисијата можевте да ја проследите репортажата посветена на манифестацијата по повод на прогласувањето на Нови сад за европската престолнина на културата за 2022 година. На отворањето присуствуваше и сегашната министерка за култура и информирање Маја Гојковиќ.
Потоа, можете да уживате во прекрасниот спот за песната „Јано мори„ кој што го продуцираше здружението МАК ИНФО, а во изведба на младиот, перспективен музичар Горан Милошев.
Емисијата се емитува премиерно секоја недела од 18 часот на втората програма на РТ Војводина. Уредник на емисијата е Златко Јанкуловски.