ВестиКултура
Актуелно

Стојан Пачов доби улица во Белград

Стојан Пачов, еден од најреномираните македонски сликари во поранешна Југославија, доби своја улица во Белград. Комисијата за споменици и називи на плоштади и улици во Белград донесе одлука една од улиците во белградската населба Земун да ја понесе името на Пачов, со образложение дека тој бил сликар и угледен член на УЛУС (Здружение на ликовни уметници во Србија). Неговите слики и дела се наоѓаат во бројни галерии, претпретијатија и колекции, како во Србија и Македонија така и во странство.

Стојан Пачов
Образложение во Службениот гласник на градот Белград (извадок)

Одлуката е донесена и објавена во јули 2019 година, во Службениот гласник на Белград, а деновиве се спроведува нејзиното преименување од Војни пут I во улица Стојана Пачова.

Стојан Пачов е роден во 1934 година во Струмица, Македонија. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности, отсек сликарство во 1958 година во класата на проф. Недељко Гвозденовиќ, во Белград. Постдипломските студии кај истиот професор ги завршува во 1960 година. Член е на УЛУС од 1960 година. Учествувал на над сто и педесет заеднички изложби и неколку пати на изложби од хуманитарен карактер. Најголем дел од неговите дела се во сопственост на институции, галерии и приватни колекции во земјата и странство.

Манастир Милешева
Скадарлија
Од околијата на Битола

Беше член на Друштвото на ликовни уметници Македонци во Србија (ДЛУМС) со кое што оствари неколку заеднички изложби.

Покрај сликарството, се занимавал и со педагошка работа, бил професор по ликовно образование во Земун. Своите талентирани ученици ги учел да сликаат, а кај оние кои биле помалку талентирани, развил љубов кон ликовната уметност.

Почина во 2015 година во Белград.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button