ВестиКултура

Ристо Василевски ,,Златен писател на светот”

Ристо Василевски добитник е на почесната награда “Златен писател на светот”. Иницијативата потекнала од украинската Академија за книжевност и уметност, на која што Василевски е член, а признанието го доделува Pegasus Brucke International Art Center (Германија), Radius IAC (САД) и меѓународните јавни организации од 10 земји – САД, Германија, Англија, Франција, Италија, Шпанија, Украјина, Кина, Индија и Јапан.

Признанието се доделува на истакнати писатели од цел свет,чија духовна креативност, енергија и племенитост го прават светот подобар.

Ристо Василевски

Ристо Василевски е член на Македонската академија на науки и уметностите, Словенската академија на книжевност и уметност (Варна, Бугарска), Руската академија на книжевност, Академијата на книжевност и уметност на Украјина, Меѓународната асоцијација на писатели (Рига, Летонија), Друштвото на писатели на Македонија, Здружението на книжевници на Србија и Здружение на книжевните преведувачи во Србија.

Основач е на издавачката куќа ,,Арка.” Како сопственик, директор и главен и одговорен уредник објавил голем број дела на српски, македонски и странски писатели, а посредувал за многу дела на српски писатели да бидат преведени на странски јазици. Неговата поезија е преведена на англиски, шпански, германски, руски, белоруски, украински, француски, шведски, полски, унгарски, романски, турски, хинду, италијански, албански, словенечки, арапски и на други јазици. Тој е застапен во стотина антологии во кои има избор на македонската, српската, југословенската и светската поезија. Библиографијата на Ристо Василевски е пребогата со неговите бројни изданија, и тоа; 29 поетски дела, пет книги за деца, 5 антологии, 38 по негов избор или негова подготовка на
дела на македонски, српски и писатели од други јазици, објавил над сто преводи и 5 фолозофеми.

Ристо Василевски е добитник на голем број престижни наг­ради и признанија меѓу кои се: „Браќа Миладиновци“; меѓународните награди “The naji Naaman’s Literary Pritce”, Liban i “Balcanii si Europa” Bucarest, Романија; „Милан Ракиќ“ на Здружението на писатели на Србија; „Раде Обреновиќ“ на Змаевите детски игри од Нови Сад, Србија; „Почесно Рациново признание“ и други.

Живее и работи во Смедерево.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button