ИнформирањеТВ емисии

Манифестации во Пландиште и Сомбор за зачувување на македонскиот јазик, традиција и музика

Како и секоја недела така и изминатата имавте прилика да ја проследите емисијата “Македонско сонце” на Радио телевизија Војводина 2.

За оние кои не беа во можност да ја проследат емисијата којашто опфаќа теми и манифестации на Македонците во Србија ги издвојуваме следните настани кои се најдоа на ТВ екранот.

На 20 ноември во културниот центар „Вук Караџиќ„ во Пландиште, во организација на здружението „Македонски бисери„ беше одржана манифестација посветена на зачувување и негување на меѓунационалната толеранција во Војводина, под името „Сите заедно„.

Во програмата учествуваа припадници на Македонската, Ромската, Романската, Унгарската, Словачката национална заедница којашто на публиката им се претстави со поезија, песни и игри од своето национално поднебје.

Во просториите на Унгарската граѓанска Касина членовите на македонското здружение во западно-бачката околија „Пела„ од Сомбор, организираа тродневна манифестација под името „Македонска образовна недела„.

  • Оваа манифестација подразбира едукација/предавања на три теми, историја на македонскиот народ и Македонија, книжевност, јазик и македонска музика. Оваа манифестација премина во традиција, а ја почнавме 2016 година – истакна Лилјана Соколовска, претседателката на здружението „Пела„ од Сомбор.

Целата емисија „Македонско сонце„ можете да ја проследите во продолжението на текстот.

Извор
Радио телевизија Војводине

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button