
Македонското здружение „Вардар Вршац“ го организираше вториот Фестивал на македонската музика и фолклор во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура во Вршац“.


На фестивалот настапија хорот на ОУ „Доситеј Обрадовиќ“ од Пландиште и пејачките групи „Македониум“ од Белград, „Тоше Проески“ од Качарево, „Македонски бисери“ од Пландиште и „Исток 10“ од Вршац.


Дел од програмата беа и КУД „Свети Сава“ од Велико Средиште, КУД „Ѓорѓе Малетиќ“ од Јасеново и фолклорната секција на Домот на културата „Младост“ од Глогоњ. Учесниците преку своите репертоари ја претставија македонската традиционална музика, песна и игра.


Домаќини на вечерта беа Дарко Ристески, Наташа Простран и Бранкица Блажин. На присутните им се обратија Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство, Давор Стојковиќ, директор на Културниот центар Вршац, и Ленка Стојановиќ, претседателка на здружението „Вардар Вршац“.


Настанот беше поддржан од Покраинскиот секретаријат за образование, прописи, управа и национални малцинства – национални заедници, Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија и Градот Вршац.

Извор: Национален совет на македонското национално малцинство во Србија — Facebook: https://www.facebook.com/nsmnm.rs



