Македонско Сонце-20 09 2026

Во најновата емисија ,,Македонско сонце” имате прилика да ги проследите следните теми:
-На 12.09. септември во Ниш, во организација на Здруженијето ,,Вардар“ од Ниш, а во рамките на тринаесетата манифестација ,,Денови на Македонската Култура“ се одржа незаборавен концерт на македонски народни песни
-Разговаравме со Јован цветкоски, авторот на кратометражен документарен филм ,,Обичен херој“
-Во Галеријата ,,73“во Белград е отоврена изложбата ,,Бруталист“ од двајца македонски уметници Благојче Наумоски и Петар Новкоски
-На 12.09. во Белград, на Земунски Кеј, е отворена ликовна работилница ,,Емоцији на отворено“
-Македонски Национален Совет организира долго очекувана ,,Македонска вечер“ во Нови Сад на 11.10., во ресторанот ,,Диунис“ во Петроварадин
Eмисијата се емитува премиерно секоја недела со почеток во 18:00 часот на Втората програма на РТВ Војводина. Уредник на емисијата е Златко Јанкуловски.